ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, информираше пратеничата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуровска.
Причина за ова, како што рече Затуровска, е крајната неодговорност на министерот Дураки и новата Влада за дивите депонии кои се наоѓаат во Струга, Куманово и други градови низ Македонија.
Според неа и ВМРО-ДПМНЕ, ниту една институција не излегла во пресрет на граѓаните да им помогне бидејќи за новата Влада партиското вработување е поважно од дивите депонии.
– Потребна е смена на министерот Дураки за да се спречат други еколошки катастрофи, со кои може да се направат огромни штети на граѓаните, рече Затуровска, додавајќи дека на местото на сегашниот министер треба да дојде човек кој ќе може да се справи со овие проблеми.