ВМРО-ДПМНЕ останува без својот единствен сојузник во ЕУ

„Паѓаат автократските режими. Следен е Александар Вучиќ, а со него и Христијан Мицкоски. Регионот припаѓа на Европа, а не на Русија. Историската победа во Унгарија испраќа јасна порака до целиот регион: времето на автократите завршува“, велат од опозициската партија

Според СДСМ, граѓаните на Унгарија јасно рекле „доста е автократија!“

„По 16 години владеење на Виктор Орбан, неговиот недемократски режим падна. Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во Европската Унија. Нема повеќе криење на Никола Груевски во Будимпешта, тајни бизнис-комбинации, ниту кинески пари кои доаѓаа преку тој режим“, велат од СДСМ во денешното соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e