ВМРО-ДПМНЕ и од коронавирусот сакаат само да направат дневно-политички поени! – Николовски во “Топ Тема”

Во вечерашново издание на дебатната емисија “Топ Тема” на Телма телевизија генералниот секретар Љупчо Николовски  на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ на некаков начин е вклучено и придонесува кон решавањето на новонастанатата криза со коронавирусот, одговори:

“Имаме кризен штаб формиран од институциите и од Владата и ова денес беше прва средба на која што се информираше, се брифираше, а граѓаните знаат дека по неколку пати во денот се информирани во детали за секој пациент, за секоја нова состојба. Ова не е рабта на политичарите. Ова е работа на врвните експерти стручни во оваа област. Ова е една голема лудост во која ВМРО-ДПМНЕ ги доведува граѓаните  од секоја тема, па и од оваа болест која се шири низ целиот свет, па и во нашата држава, и од ваква сериозна ситуација прават дневно-политички поени. Единствениот предлог на ВМРО-ДПМНЕ е кривична пријава за министерот за здравство Венкко Филипче.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e