ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и треба правда

Граѓаните држат до сопствените чест и углед, па затоа одбија да се качат во автобусите и да дојдат на митингот на човекот кој ги навредуваше нарекувајќи ги „стока“.

Автобусите организирани од страна на Пендаровски и Заев останаа полупразни бидејќи народот е за враќање на правдата во Македонија.

Расипничкото, криминално владеење на Заев и Пендаровски доведе до најслаба посетеност на нивниот централен митинг вчера во Скопје. Иако главниот град на Република Македонија беше блокиран од автобуси кои СДСМ ги донесе од цела држава, митингот беше дебакл.

Граѓаните испратија јасна порака дека не ја поддржуваат оваа Влада. Луѓето ниту со сила, ниту со закани, уцени и притисоци не прифатија да бидат искористени за верифицирање на антидржавните политики на Заев и Пендаровски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e