ВМРО-ДПМНЕ: Мора да има одговорност за секој загубен живот

Неспособноста на Владата ја покажуваат 386-те новозаразени во последните четири дена, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Низ цел Балкан коронавирусот стивнува. Во најголем дел од земјите речиси и да нема новозаразени, но во Македонија вирусот зема замав со 120-те нови случаи вчера, само заради некадарноста на власта. Стотиците лаги кажани од Венко, Заев и Спасовски излегоа на површина. Дали тееба да прифатиме дека само кај нас е нормално да има 386 новозаболени и 14 починати за само четири дена? – порачуваат од партијата.
Македонија како никогаш до сега бележи огромни порази во секоја област од општественото живеење. Бројките за состојбата на новозаболени и починати во Македонија, се три пати поголеми од вкупниот број на заболени во регионот. Вкупно 843-те активни случаи и 147-те починати, говорат за една неспособна Влада која е способна само за лагите кои што ги шири и префрлањето на вината на некој друг.
Обидите за манипулирање на јавноста со лажирање на бројките, воведување на полициски час преку ноќ, како и ширењето на вирусот со предизборни активности говорат дека СДСМ е најнепринципиелната партија која не само што го доведе во прашање животот и здравјето на граѓаните, сеуште упорно се обидува да ја замајува јавноста со непромислени изјави.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија. – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e