ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се бори со три зла

Македонија освен со епидемија од корона вирус се соочува со епидемија на неспособност и неодговорност на власта на СДСМ, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија е земја со најголем број починати на милион жители во регионот. Оваа бројка е далеку поголема во споредба со Србија, Бугарија, Грција, Албанија. Дополнително бројот на тестирани лица е многу мал, што ја прикрива реалната слика за раширеноста на епидемијата, што влијае врз креирањето на реални здравствени мерки. Исто така загрижувачки е и бројот на заразени здравствени работници кои се на првата линија во справувањето со овој проблем. истите се оставени сами на себе да се снаоѓаат, поради недостатокот на заштитни средства, опрема и дезифициенси. – обвинуваат од опозицијата.

Уште полошо е менаџирањето на кризата од економски аспект. Тука се соочуваме со целосна неспособност. Владата на СДСМ во првите три месеци, период во кој уште немаше никакви импликации од епидемијата, креираше дупка во буџетот од 120 милиони евра. Ова значи дека за овој период потрошени се 43% од вкупниот дефицит планиран за целата година со цел да се врши предизборен поткуп за изборите кои се одложија. – стои во нивното соопштение до јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e