ВМРО-ДПМНЕ: Македонија бележи црни рекорди

Македонија има огромен број заразени здравствени работници, што е последица на недостатокот на маски, ракавици, дезифициенси, медицинска опрема и лош менаџмент на здравствената криза, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија поради неодговорноста на власта на СДСМ и Заев уште пред почетокот на кризата создаде буџетска дупка од 120 милиони евра со што секое семејство во Македонија го задолжи со 250 евра нов долг. Таа дупка, поради ненавремените и лоши мерки се проценува дека ќе порасне до крајот на година на речиси 1 милијарда и 300 милиони евра.

Додека СДСМ си тера предизборен маркетинг секој ден граѓани заболуваат и умираат од корона вирусот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Розовите очила во СДСМ ќе ги донесат до изборен пораз кој што ќе им биде неминовен, кога и да се одржат изборите, стои во соопштението од опозицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e