Народот плаќа поскапа струја, за Заев преку ЕЛЕМ да даде тендер од 6.4 милиони евра на својот финансиер. Народот плаќа поскапа струја, за да може Заев да си ги плаќа финансиерите на СДСМ, преку милионски тендери, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ кои за денеска најавија втор протест во Скопје.
Енергетските компании кои според Заев работата со намалена добивка и заради кои народот ќе треба да плаќа поскапа струја немат проблем да плаќаат милионски тендери за финансиерите на СДСМ.Лага е дека струјата поевтинила. Граѓаните нека ги споредат сметките од 2017-та и денес и ќе видат дека Заев драстично ја зголемил цената за да го покрие својот криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Целиот енергетски сектор буквално се користи за испумпување на парите на граѓаните во приватни џебови, на лица блиски до власта. Затоа е потребно народот повеќе да плаќа, за да има повеќе за блиските на власта.
Власта веднаш да ги реализира барањата на кои народот и ВМРО-ДПМНЕ ги упатија:
1. Враќање на старата цена на струјата;
2. Викенд без ДДВ во септември;
3. Професионализација на РКЕ.
Заради тоа што власта молчи, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со притисокот. Денес во 14 часот ќе ја блокираме раскрсницата пред РКЕ. Барањата на народот мора да се исполнат.- стои во нивното соопштение.