ВМРО-ДПМНЕ: Кадровските решенија за новата Влада се истрошени и транзициски кадри

Стари истрошени транзициски кадри – вака ВМРО-ДПМНЕ ги оценува предлозите за кадровските решенија во новата Влада. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска вели дека предлогот на министер за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, има единствено достигнување што својата фамилија ја вработила во државна администрација.

„Постои сомнеж дека додека Шахпаска беше пратеник таа го искористила своето влијание и си ги вработила својата золва, Маја Двојаковска, во Општина Берово, а потоа го вработила и нејзиниот сопруг во „Македонски шуми“. Од друга страна Шахпаска нема направено ништо ниту за Берово, ниту за Пехчево, регион од кој доаѓа, додека имаше политичка моќ како пратеник таа не истурка ниту еден проект за граѓаните на тие општини, туку го гледаше единствено својот личен интерес. Која е квалификацијата што Шахпаска ја има за да биде министер за труд и социјална политика?“, вели Стаменкоска Трајкоска.

Таа додава дека не само што кадрпвските решенија не се нови, туку ја доведува во прашање и нивната способност.

„Ова се кадри остатоци од транзицијата. СДСМ и нивните кадри во таканаречената нова влада не можат да донесат ништо ново“, истакна Стаменкоска Трајкоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e