ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на ЕК потврди дека со СДСМ на власт државата тоне

СДСМ ако лаже, Извештајот на ЕК не лаже.Извештајот на ЕК потврди дека ВМРО-ДПМНЕ остана ангажирана во Парламентот и ги поддржа клучните прашања од заеднички национален интерес, како што се реформите поврзани со ЕУ и процесот на интеграција во НАТО.-порачаа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Извештајот на ЕК потврди дека судскиот систем е под палката на Зоран Заев.

Извештајот на ЕК потврди дека поради СДСМ и Заев корупцијата е распространета во Македонија.

Извештајот на ЕК потврди дека власта не се бори против криминалот, како што се перење пари и финансиски криминал.

Извештајот на ЕК потврди дека стабилизацијата на јавниот долг сè уште не е обезбедена.

Извештајот на ЕК потврди дека економијата во Република Македонија е на дно, состојбата е загрижувачка.

Извештајот на ЕК потврди дека власта потфрлува на секое можно поле. Со СДСМ на власт Македонија не оди напред. Со СДСМ на власт државата само тоне. – се наведува во соопштението од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e