ВМРО – ДПМНЕ ги објави кандидатите за градоначалник за Прилеп и Ѓорче Петров

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги објави имињата на уште десетина кандидати за градоначалници, а меѓу нив се најде и Марјан Ристески, актуелниот градоначалник на Прилеп, кој ќе се бори по четврти пат да ја освои општината.

Тој се најде и во „бомбите“ што ги објави лидерот на опозицијата Зоран Заев. Објавувајќи ја 17-та бомба од Прилеп, СДСМ презентираше неколку разговори од градоначалникот Маријан Ристески, кој со министерот Миле Јанакиески и други соработници, според СДСМ, договараат казнување на „непријателски“ фирми и кафулиња.

За општина Ѓорче Петров извршниот комитет на партијта доверба даде на екс-министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Останатите кандидати кои беа објавени денеска се:

За Брвеница, Стојан Тодоровски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

За Демир Капија актуелниот градоначалник Трајче Димитриев.

За Новаци Лазар Котевски, досегашниот градоначалник.

За општина Гостивар, Дафина Стојановска.

За Тетово, Горан Манојловски, пратеник.

За Радовиш е предложен актуелниот градоначалник Сашко Николов.

За Вевчани, Светомир Угриновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e