ВМРО-ДПМНЕ: ДЗС наместо да одговори за недоследностите во работењето, се заканува со тужби (ВИДЕО)

„Државната Статистика наместо одговори, се заканува со тужби бидејќи беше објавено дека до ВМРО-ДПМНЕ стигнуваат сведоштва од вработени, актуелни и поранешни вработени, за фабрикување и испорака на резултати по теркот на потребите на власта, а со цел да се стекнат со подобри стартни позиции до делот на обезбедување на средства за буџетот, но и за други политики коишто ги води оваа власт во заминување“, вели денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ваквиот чекор, заканите со тужби од директорот, Апостол Симовски само ги засилува сомнежите во јавноста за недоследности во работењето. Заканите ги зацврснуваат индициите за пиши-бриши економијата во рамките на државниот заводот за статистика, индициите за манипулација со информациите за растот на БДП, индиции за манипулации за процентот на долгот на државата, што предизвикува лажна слика за граѓаните, но и за меѓународните финансиски институции. Заедно уште еднаш оттука ќе го прашам Симовски: Дали имало вработени кои поднеле оставки заради лажирање и недоследно работење на институцијата? Дали се фабрикувани објавени резултати по претходен диктат од Илинденска бр.2?“, прашува Стоилковски.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e