И покрај тоа што МВР поднесе кривична пријава против полицаецот од Струмица, сепак ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, обвинувајќи го за инцидентот во Струмица.
– Четири дена не се доволни за да се заборави крвавиот инцидент во кој полицијата раководена од Спасовски застрела две млади момчиња. Сите видоа дека за него е поважно да организира прес-конференција за извалкано возило отколку да изрази жалење и да им се извини на двете момчиња и нивните семејства затоа што полицијата под негова контрола пукаше во нив – изјави Сашо Павлоски од ВМРО-ДПМНЕ.