ВМРО-ДПМНЕ: 100тици илјади граѓани се загрижени дали ќе имаат средства за живот во април

Владата предлага поддршка на претпријатијата од приватниот сектор за исплата на плати почнувајќи од април, кои во џебовите на граѓаните треба да стигнат во текот на првата половина од мај, додека економската криза предизвикана од ширењето на новиот корона вирус наголемо ја пустоши македонската економија.  Во моментов десетици, ако не и стотици илјади граѓани се загрижени дали ќе имаат средства за живот во април, затоа што илјадници компании престанаа со работа. Да потсетам дека дури и во поразвиени земји од нашата половината од домаќинствата немаат ликвидни средства со кои би можеле да ги покријат трошоците за живот во наредните 7 до 8 денови, доколку пресуши изворот на редовна заработувачка. Истото се однесува и за малите и средни компании , овие комапниии оставени сами на себе без ликвидни средства им се заканува клуч на врата, порачуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

Како што е познато нашиот предлог е субвенциите за исплата на плати кај погодените од кризата сектори, во висина од 50% од бруто плата или 70 до 80% од нето платата, да се покриваат од државниот буџет уште со исплатата на мартовската плата. Роковите за исплата на платите за март веќе течат. Денеска сме 1 април, а 15 април е крајниот законски рок.

Второ, уште еднаш апелираме Владата да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, изнесен на неколку претходни прес-конференции, за пренасочување на делот од придонесот за пензиско-инвалидско осигурување, што се одвојува за осигурениците кои се членови во некое од трите постојни друштва за капитално финансирано пензиско осигурување, т.е. приватните пензиски фондови,  пренасочување на овие средства во државниот пензиски фонд од кој во моментов се исплаќаат пензиите на речиси сите корисници на пензија во Македонија.

Ги охрабруваме да го направат тоа, затоа што е сосема легитимно во вакви тешки околности за државниот буџет и за фондовите, каде што со сигурност треба да се очекува дека состојбата дополнително ќе се влоши пред да започне да се подобрува. Ќе ги потсетиме на неколку примери за тоа како постапија одделни земји од Централна и Источна Европа како одговор на последиците негативни од економската криза, глобалната финансиска и економска криза од 2007-2009 година, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e