Власта сака насилници и жртви? Нема електронски алки за насилниците

ропадна и вториот обид да се воведателектронски алки за следење на сторителите на семејно насилство.  Собранието не даде поддршка на предлогот по скратена постапка да се донесе и дополнувањето на Законот за заштита од семејно насилство и насилство врз жените, кој го образложи Моника Зајкова.

Со измените се предлагаше воведување електронска алка што би го следела насилникот и би ја предупредувала жртвата доколку сторителот се приближи до забранет периметар, без оглед на нејзината локација.

Втор обид за истиот закон – повторно одбиен

Зајкова потсети дека истиот предлог бил поднесен и пред една година и дека нема финансиски импликации, бидејќи Министерството за правда веќе располага со значителен број електронски белезици наменети за системот на пробација, кои може да се пренаменат.

„И оваа година не поминаа измените со кои, покрај забраната за движење, сторителот треба да носи електронска белезица за следење и предупредување на жртвата. Повторно го одбија предлогот – мерка што значи превенција, спасени животи и реална заштита“, изјави Зајкова.

Реакциите од собраниската говорница

Пратеничката ги критикуваше колегите кои повторно не ги изгласаа измените. „Од денес станувате соучесници во секој следен напад, соучесници во секоја следна жртва и во системот кој овозможува макар и една жена да живее во страв“, порача таа.

Според Зајкова, пратениците од мнозинството избрале соучесништво во насилството наместо превенција, одбивајќи го по втор пат предлогот за воведување електронски нараквици за следење на насилниците – мерка што значи превенција, што значи спасени животи, што значи реална заштита.

Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи на социјалните мрежи оцени дека „мнозинството пратеници отфрлиле вредносна и цивилизациска обврска – државата да застане на страната на оној што е во опасност“.

„Неприфаќањето на предлогот претставува длабока политичка, човечка и вредносна грешка“, порача Битиќи.

Извор: DW

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e