Владејачкото мнозинство гласаше против измените на законите кои ги побара СЈО.
Со 52 гласа ПРОТИВ и 42 гласа ЗА, владејачкото мнозинство ги оспори измените за заштитени сведоци кои беа побарани од Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Претходно, тие ги оспорија и измените на законот за СЈО.
Според Петре Шилегов од СДСМ, кој ги образложуваше барањата за измените во законите, власта не сака да се донесат овие измени на законите.
– Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не сака да се дознае кој го вршел незаконското прислушување во Македонија, рече Шилегов.
Претходно, Илија Димовски на прес конференција и даде ултиматум на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ако не се врати на комисијата за политички систем, тие нема да ги гласаат бараните измени во законите.
За поврзани вести продолжете надолу