На вчерашната владина седница, усвоена е Програмата за финансиска поддршка на органското производство во 2023 година, со цел зголемување на конкурентноста и успешен пласман на домашниот и странските пазари.
Поддршката за органското производство продолжува со дополнителни директни плаќања со зголемување од 30% за фуражни култури, 50% за поледелство, сточарство и пчеларство, 70% за овоштарство и лозарство и со зголемување од 100% за градинарско производство, како и покривање од 50% на трошоците за сертификација на органско производство и покривање од 80% од трошоците за агрохемиски, педолошки или анализи на остатоци од пестициди, тешки метали и сл. материјали на почва и во органски производи.
Од оваа година се зголемува поддршката во преработувачката индустрија, покрај досегашните 10% од вредноста на произведените и продадени производи со максимален износ до 150.000,00 денари по оператор, годинава има плус финансиска поддршка од 30.000 денари по сертифициран органски производ од растително и сточарско приозводство.
