Владата на денешната седница прогласи постоење на кризна состојба на подрачјето на општините Крива Паланка и Делчево заради поплави и справување со поплавите и последиците од нив.
– Граѓаните да бидат спокојни, оваа Влада покажа вистинска грижа, брзо и ефикасно се решаваат и надминуват сите проблеми на граѓаните. Државните претпријатија целосно се ставаат на располагање на општините таму каде што е најпотребно, соопшти министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
