Владата прифати недела да биде прогласен за неработен ден

Владата ја прифати иницијативата за денот недела да биде прогласен за неработен ден, соопшти премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

Заев додаде дека го задолжиле Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање.
„Ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе“, додава Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e