Владата ќе одржи седница, еве кои точки се на дневен ред

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 92. седница, на која, меѓу другото, ќе биде разгледана Информацијата за проектот за човечки капитал и изработка на стратегија за унапредување на човечкиот капитал во Северна Македонија, во соработка со Групација Светска банка.

Како што соопшти владината прес-служба, на дневен ред на денешната седница е и Информацијата за Оперативните насоки за мерка 27 – финансиска поддршка со креирање на мечинг фонд за претприемачи Роми.

На предлог на Министерството за здравство на седницата ќе биде ставена и усвојување и 64. Предлог – програмата за дополнување на Националната годишна програма за јавно здравје во Република Северна Македонија за 2021 година.

Редовната 92. седница се очекува да започне во 13.30 часот, а пред нејзиното одржување ќе бидат одржани три тематски седници – тематска седница за 3-та група договори од пренаменети средства од Договорот со ТАВ (во 12.00 часот), тематска седница за одбележување на 20-годишнина од Рамковниот договор (во 12.30 часот), и Тематска седница за процесот на институционална децентрализација (во 13.00 часот).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e