Владата го повлече законот за промена на полот

Владата одлучила да го повлече законот за промена на полот кој веќе е во Собрание, потврдува за ТВ21 првиот вицепремиер Артан Груби.

Измените на законот за матична евиденција меѓу другото предвидуваше лице да може да го промени својот пол само со изјава на нотар и требаше утре да се најде пред пратениците на Комисијата за политички систем.

Ваквото законско решение е неприфатлив за опозицијата, но и за владејачката Алтернатива.

Промена на полот само со изјава на нотар е параван за истополови бракови, изјави пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e