Владата денеска ќе расправа за ребалансот на буџетот – пари за зголемување на минималната плата

Владата денеска ќе ја одржи тринаесеттата седница на која на дневен ред ќе биде предлогот за изменување и дополнување на буџетот на Република Македонија за 2017 година.

„Согласно предложениот дневен ред Владата ќе расправа по предлогот за изменување и дополнување на буџетот на Република Македонија за 2017 година и предлог Законот за дополнување на Законот за извршување на буџетот“, стои во соопштението на Владата.

На седницата, како што се додава, ќе биде разгледана и информацијата за мерките коишто се однесуваат на одржливите енергетски системи кои произлегуваат од повелбата за одржливост.

Се претпоставува дека во ребалансот ќе се најде и државната помош ветена од СДСМ уште пред изборите а кои би биле кон остварување на целта, повисока минимална плата од 12 000 денари некаде на почетокот на месец Септември.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски пред десетина дена најави дека ребалансот на буџетот ќе се најде пред пратениците во законодавниот дом пред тие да заминат на летен одмор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e