На денешната владина седница, врз основа на информацијата за надминување на состојбата во Друштвото Фабрика за шински возила „Велес“ дооел (Колска Велес), донесе одлука за финансиска поддршка на „Колска“, со цел воспоставување на редовен тек на работите во фабриката и грижа за работниците. За оваа цел на седницата е донесена одлука за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот на Република Македонија за 2017 година, најдоцна до 15 септември.