“Вкуси ја традицијата” – Национален саем за храна и пијалоци на 7. октомври во Скопје

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски го најави Вториот Национален саем за храна и пијалоци – “Вкуси ја традицијата”, кој ќе се одржи на 7. октомври 2023 година (сабота) со почеток од 11 часот во Градскиот парк – Скопје.
-Повеќе од 300 изложувачи, мали производители на храна и пијалоци ќе ги презентираат своите вкусни производи приготвени по традиционални рецепти.
– Националниот саем за храна и пијалоци – “Вкуси ја традицијата” прераснува во убава традиција, која ја организираме по втор пат во соработка со Slow Food Macedonia а со поддршка од GIZ.Горд сум што креираме мерки што даваат резултати. Сите посетители ќе можат на едно место да ги видат стотиците успешни приказни, реализирани од поддршката која ја даваме кон малите производители на храна и пијалоци, младите земјоделци и жените земјоделки, порача Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e