Вкупно 25 лица не ја почитувале забраната за движење, 17 се приведени

Вкупно 25 лица на ниво на цела држава изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење. Притоа 17 лица се приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Според статистиката на МВР, за изминатото деноноќие на 27 лица им се издадени решенија за изолација, а 138 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e