Вистинско лето викендов – Од следната недела нов влажен бран

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.И во текот на целиот викенд ќе биде сончево, а од следната недела се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Денеска попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од четири до 11, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Под влијание на топла и стабилна воздушна маса од југ, за време на овој викенд времето ќе биде сончево и топло со појава на мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец кој во недела (4 мај) повремено ќе засилува на интензитет.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано – летни и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.

Дестабилизирање на атмосферата и појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има уште од самиот почеток на следната седмицa.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e