Вистинска есен: Какво време ќе имаме денеска и викенот?

По појавата на утринска магла долж Повардарието, во текот на денот ќе преовладува сончево и потопло време со умерен до засилен ветер од јужен правец.

Утринските температури се движат од 6 до 14, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 21 и 27 Целзиусови степени.

Во Скопје наутро со појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот сончево со умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 25 степени.
Слично време УХМР најавува и за утрешниот ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e