Висока излезност до 11ч во ИЕ 3 – најмногу гласале во Пробиштип, Градско и Крива Паланка

Одѕивот на гласачите до 11:00 часот врз основа на податоците од Државната изборна комисија за 3.134 избирачки места од 3.480, во сите шест изборни единици, е 11 отсто.

До 11:00 часот на гласање излегле 199 495 граѓани, соопшти на прес-конференција претседателот на ДИК Оливер Дерковски.

Во ИЕ 3 одѕивот до 11:00 часот бил 18,73 отсто, покажуваат резултатите на ДИК.

Во третата изборна единица 19,03% има изленост во Градско, Крива Паланка скоро 21.45, Лозово – 17,03%. Во Пробиштип има 23.01% излезеност до 11 часот, што е навистина одлично, рече претседателот на ДИК. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e