На вториот круг од локалните избори, кој се одржа на 2 ноември во 33 општини, се регистрирани вкупно 19.287 неважечки гласачки ливчиња за градоначалници, што претставува 5,6 отсто од сите употребени ливчиња.
Според податоците, од вкупно 345.525 гласачи кои излегле на гласање во вториот круг, 19.287 ливчиња се евидентирани како неважечки.
Градот Скопје забележа уште повисок процент на неважечки гласови во вториот круг:
Од 167.575 гласачи, 10.528 ливчиња биле неважечки.
Овој резултат претставува 6,3 отсто неважечки ливчиња од вкупниот број, што значи дека речиси секое шеснаесетто ливче во Скопје било неважечко.
Излезноста во вториот круг во Скопје изнесуваше 35,33 проценти, додека на национално ниво таа беше 47,16 проценти.
Споредбената анализа со првиот круг, одржан на 19 октомври, ги дава следните податоци:
Национално ниво (I круг): Од 885.085 гласачи, 53.724 ливчиња беа неважечки (околу 6,1отсто). Излезноста беше 48,30 проценти.
Град Скопје (I круг): Од 232.581 гласач, 12.359 ливчиња беа неважечки. Излезноста изнесуваше 49,04 проценти.
