Вилсон за МИА: Разочарувачка е одлуката на ЕУ, но на тоа треба да се гледа како на отскочна штица

Дејмон Вилсон, извршниот заменик претседател на Атлантскиот совет, кој учествува на Охридскиот дијалог што овие два дена се одржува во коорганизација на премиерот Зоран Заев и на Атланскиот совет смета дека Северна Македонија се движи низ историски процес на цементирање на својата независност, сувереност и на својата позиција да биде дел од Западот. Според него одлуката во Брисел е разочарувачка.

За Вилсон, одлуката на Сенатот на САД да го поддржи приемот на Македонија во НАТО е мошне голема работа, а тоа што Франција не дала зелено светло за отпочнување преговори за членство на земјата кон ЕУ е повеќе проблем не на Македонија туку на САД, на Британија, Европа…

„Западните демократски општества во моментов се соочуваат со своевиден популистички отскок. Не треба да чуди кога во услови на несигурност за иднината на ЕУ една од членките ќе рече дека е време за пауза. Тоа не е добро за Северна Македонија, не е правилно. Оттаму разочарувачка е одлуката на ЕУ, но на тоа треба да се гледа како на отскочна штица. Стратешката насока е силна, стратешката позиција на Македонија е јасна, така што ќе стигнеме таму, ниту во еден миг не се сомневаме дека земјата ќе биде дел од ЕУ. Токму затоа Атлантскиот совет има јасна програма за Балканот, посветени сме на идејата на поддршка на лидерствата што се решени да ги трансформираат своите семји, а за возврат да им ги отвориме вратите на нашите институции“, рече Дејмон Вилсон во интервјуто за МИА што во целост ќе биде објавено утре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e