Уште не седнат во директорската фотеља – си поднесе оставка под притисок на јавноста.
Љупчо Зиков, гостуваше во дневникот на ТВ 24 каде одговараше на повеќе прашања поврзани со понудата од МЕПСО како и оценка за работата на новата влада.
Зиков, со пофални зборови за работењето на министрите за земјоделство и финансии, со чија спрега според него доведе до исплаќање на голем дел на заостанатите субвенциите и со тоа е подобрена ликвидноста кај земјоделците кои можат спремни да ја дочекаат новата сезона.
– Ако тргнеме од тоа дека Македонија претежно е земјоделска земја, тогаш на министерството за земјоделство во спрега со министерството за финансии, одговорноста за тоа како ќе функционира економијата е прилично голема, и мислам дека тој сегмент храбро го одиграа министерот за земјоделство и министерот за финансии, и на тоа можам слободно да им честитам, потенцира Зиков.
Целото интервју погледнете го на видеото подолу.