(ВИДЕО) Зеќири: Наместо да повика на вакцинација, Мицкоски поттикнува кршење на мерките и го загрозува здравствениот систем

Партијата на Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, застана зад протестите кои го загрозуваат јавното здравје и се противат на масовната имунизација против коронавирусот, изјави на денешната прес-конференција Белкиса Зеќири, пратеничка на СДСМ.

„Наместо да повикаат на масовна вакцинација како најбрз начин за надминување на пандемијата, Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ поттикнуваат и поддржуваат протести против мерките за заштита од коронавирусот.

За време на целата пандемија, Христијан Мицкоски ниту еднаш не повика на почитување на мерките за заштита, ниту еднаш не повика граѓаните да се вакцинираат, ниту еднаш не изрази поддршка за здравствените работници.

Во целиот свет, одговорните политичари кои што им мислат добро на граѓаните, поттикнуваат на масовна вакцинација, објавуваат фотографии од моментот на вакцинацијата токму заради тоа.

Само од Мицкоски нема такво нешто. Јавноста не знае дали е вакциниран“, истакна Зеќири.
„Ако има и минимум одговорност, Мицкоски треба да излезе и да повика на масовна вакцинација, да повика на почитување на мерките, наместо да поддржува протести со кои се наштетува на здравствениот систем и се напаѓаат здравствени работници.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на дезинформациите и деструкциите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои се на штета на јавното здравје.

Ги повикуваме сите граѓани кои досега не се вакцинирале да го сторат тоа побрзо во најблискиот вакцинален пункт и да го направат најдобриот можен чекор за да го заштитат своето и јавното здравје.

Со што повеќе вакцинирани, до помалку хоспитализирани и помалку рестрикции. Само на тој начин ќе ставиме крај на пандемијата со коронавирусот“, посочи Зеќири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e