Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес конференција излезе со напади кон генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.
Здравковски пред камерите најверојатно од трема, не можеше да го прочита тоа што на екранот (“идиотот”) спроти него му беше сервирано.
Тој ги помеша и бројките и зборовите, така што пораката која што сакале да ја испратат од ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните испадна неуверлива дури и смешна.
На оваа прес конференција, веднаш реагираше и самиот Николовски.
“Искрено драги пријатели, би било смешно да не е трагично. Но, ова се сериозни работи…
Слободата на изразување и слободниот пристап до медиуми кои додека тие беа на власт ги загушија максимално, не смее да се злоупотребуваат сега кога ги имаме во целост! Па така, за овие клевети и грозни лаги, овој господин ќе добие соодветна реакција и тужба за клевета.
Погледнете го видеото и сами… Дури и на човекот што ја добил задачата да ги чита овие небулозни лаги му е незгодно и му е тешко да ги изговори истите. А како да не му е, кога му наредиле да чита дека се “проневерени МИЛИЈАРДА евра во изборен поткуп”!?
Ништо ново од кујната на фејк-њуз партијата. Што поголема лагата, толку поголеми шансите да ја изнесат во јавност.” – реагира Николовски.