Попладнево во Атина започна Третиот конгрес на СИРИЗА, на која како гости се присутни и поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче.
Заев и Филипче пред почетокот на Конгресот беа топло пречекани од поранешните министри од Владата на СИРИЗА, меѓу кои и поранешниот шеф на дипломатијата и архитект на Договорот од Преспа, Никос Коѕијас.
Третиот конгрес на СИРИЗА беше отворен со говорот на Алексис Ципрас.
Заев доби посебна почит од лидерот на СИРИЗА, Ципрас, а од присутните во салата беше поздравен со овации и аплаузи.