(ВИДЕО) Владата по повод 9 Мај: Со ЕУ заедно сме солидарни!

Европската Унија е изградена врз принципот на солидарност и силната верба дека заедно и обединети можеме повеќе. Под ова мото се соочуваме со сите предизвици. Под ова мото се бориме и со корона кризата која го демне нашиот континтент и целиот свет. Токму ЕУ е наш најголем поддржувач во оваа битка, за што сме неизмерно благодарни, порачаа денес во честитката по повод 9 Мај – Денот на Европа.

Оваа година се одбележува 70-годишнината од потпишување на декларацијата „Шуман“, со која се поставија темелите на Европската Унија. Нека е честит Денот на Европа!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e