„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е посветена на сериозни инвестиции во капитални инфраструктурни проекти. Во време на сериозна глобална и економска и здравствена криза, инвестициите во инфраструктурата се од голема важност за побрзо надминување на негативните економски последици.“ – порача денеска пратеникот од редовите на СДСМ Диме Велковски на расправата за ребалансот на Буџетот.
„Фасада на Влада 17 милиони евра…Цел објект на ОУ „Киро Глигоров“ во Центар чини, 5 ипол милиони евра, што значи помалку од една фасада на Скопје 2014“ – посочи тој.