Аздисаност на државна сметка. Министри, заменици, државни секретари, возачи на премиерот – се луксузирале, а од сопствен џеб не плаќале ниту за сендвичи – ниту за гардероба…
Ќе понесе ли некој одговорност за трошењата со службените картички?
Новата влада ги отвори вратите за „тајните фискални сметки“ на поранешните функционери…Ветува – документите ќе бидат јавни и за актуелните политичари….
Вечерва во 24 анализа со Наташа Стојановска дебатираат Ариф Муса, поранешен антикорупционер, Миша Поповиќ од институт за демократија „Социетас цивилис“ и Сашка Цветковска, новинар.