На протестот против новите анти-ковид мерки кој се одржа пред Владата демонстрантите се раскараа меѓу себе, а говорниците се степаа на бината, пренесе а1он.мк.
Кога една од демонстрантките се качи на бината и се обиде да му се доближи на првиот говорник на протестот, кој себе се претстави како поранешен воен разузнавач, тој агресивно ја истурка од бината, велејќи и „тргни се ма ајде“, а останатите присутни и дофрлаа погрдни зборови.
Веднаш потоа друга демонстрантка се обиде да му го истргне стативот за микрофонот, но не успеа во својата намера.
Кога втората говорничка која се претстави како уметник, го започна својот говор, демонстрантите не престанаа да и
дофрлаат „е*и си мајката курво една“, „кажи кој те плаќа“, „остави го листот, па кажи што имаш“.
Првиот говорник кој се претстави како разузнавач, кажа дека не е задоволен од одзивот на денешниот протест и најави поголем протест во недела, на кој ќе присуствувале 20 илјади граѓани.
„Ќе им порачам на овие позади и сите тие во Собрание, 120 човека наспроти два милиона, играте мајтап со народот, ковидвирус. Како што гледам во државава и нигде во светот не најдовме ковид вирус, само во медиумите го има“, истакна говорникот.
