Силниот земјотрес утрово ги вознемири и животните од зоолошката градина во Скопје.
На социјалната мрежа Твитер, утрово беше објавено видео во кое се слушаат тажни крици кои доаѓаат од зоолошката градина.
Животинкиве гревчиња ЗОО Скопје #земјотрес pic.twitter.com/zdqtcAw2ZH
— Sylvester (@Sylvester_mk) November 11, 2020
Имено утрово силен земјотрес ја разбуди Северна Македонија во 4 часот и 55 минути.
Епицентарот на земјотресот е во близина на Маврово село Леуново, односно 8 километри од Вруток, со јачина од 5.0 степени според Рихтер на длабочина од 8.5 километри.
Само 5 минути порано земјотрес со јачина од 3.1 степени според Рихтер исто така ја стресе и Турција, но засега не е потврдено дали овие два земјотреси се поврзани, со оглед на тоа што и двете земји спаѓаат под иста тектонска плоча, па често земјотресите се случуваат во исто време.