(ВИДЕО) Тасевска: Низ дијалог ќе се најде решение за одржлив и континуиран раст на пензиите

Започна дијалогот за новата методологија која ќе обезбеди одржлив и континуиран раст на пензиите, изјави на денешната прес-конференција Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

„Низ отворен дијалог ќе се дојде до решение во интерес на сите страни кое ќе овозможи раст на пензиите но и дополнителен финансиски пакет од кој придобивка ќе имаат околу 330.000 пензионери.

Создаваме систем со кој пензионерите ќе имаат сигурност и извесност, а покачувањето на пензиите никогаш повеќе нема да зависи од нечија политичка волја како што тоа беше во минатото.

Владата предводена од СДСМ во континуитет покажува вистинска грижа за пензионерите“, истакна Тасевска.
„Пензискиот фонд е стабилен и во време на криза пензиите се исплаќаат предвремено.

Дијалогот со сите засегнати страни продолжува со цел да се дојде до најиздржано решение во интерес на пензинерите.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики кои обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети и повисок животен стандард за сите граѓани“, посочи Тасевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e