(ВИДЕО) Струга, се отстрануваат исушените „владини“ палми

Во Струга започна отстранувањето на владините палми кои не се приспособија на овдешните услови. 90% од нив се исушија додека останатите сè уште се борат да преживеат, иако експертите одамна педупредуваа да се заменат со автохтони растенија. Во Струга беа засадени околу 100 палми на различни локации.

„…Ние преку зимата ги заштитивме, но поради студот, палмите се исушија. Овде повеќе нема шанси да се засадат палми. Од 90 засадени, само 10 се добри другите се исушија“, вели Ами Дикепи- Паркови и зеленило Струга, за АЛСАТ-М.

„Овие палми во Струга беа проект на владата, ние само го реализиравме на терен. Според информациите кои ги имам јас како директор, една палма чинела минимум 500 евра“, рече Гариб Каба- директор на Комунало Струга.

Во следниот период струшките комуналци ќе ја следат состојбата со останатите палми, па ќе се види што понатаму и со нив. Граѓаните пак, сметаат дека се залудно потрошени пари.

„Не одговараат за овде, нема клима за нив овде. Земјата не одоговара, сите се исушија. Нормално, џабе фрлање пари е ова, некој да го полни џебот.“

„Се знае какво е нашето поднебје. Точно е дека сето тоа кошта, но можеби понатака ќе може да се спроведе тоа“, велат граѓаните.

Во Охрид пак, беа засадени 200 палми, но голем дел и од нив се исушени. Од охридското јавно комунално претпријатие сè уште немаат донесено одлука дали и кога евентуално ќе ги остранат. За вкупно 1.100 влакнести палми кои беа засадени на повеќе локации низ државата пред околу две години беа потрошени околу половина милион евра, а тие сосема овенаа и во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e