Екипата на ТВ21 со чамец се обидува да стигне до шталата на еден овчар од Арачиново. Гледаме мртви овци. Вкупно во поплавите настрадаа 250 овци. Жителите стравуваат од појава на епидемии, пренесува ТВ 21
Шталата е преполна со распаднати тела… лоша миризба, трева висока три метри… ова е мочуриштето кое се формираше во Арачиново како последица на неодамнешната поплава. Само 200 метри оттука има куќи во кои живеат луѓето од ова средина.
Фармерот Камбер вели дека штетата од поплавата изнесува околу 40 илјади евра. Но штетата се зголемува уште повеќе, бидејќи две недели никој од ветеринарските екипи не преземал ништо за да се отстранат мртвите тела на овците. Од Агенцијата за ветеринарство ветиле обесштетување.
„Ова беше нашето богатство, 250 овци, едно кола имав и таа отиде. Сега останавме… мора да почнам да работам нешто. Ако ни ги пуштат парите јас ќе продолжам да се занимавам со ова работа, бидејќи друга работа не можам да работам“, рече овчарот Камер Имери.
ТВ 21 стапи во контакт со неколку ветеринари со кои разговараме за опасноста од распаднатите тела на животните. Велат дека во услови на високи температури, мувла и распаднати тела се појавуваат патогени бактерии. Според нив, ова е сериозна закана за здравјето на луѓето кои живеат во близина на ова место но и околината. Како што дознаваме надлежните ветеринари и денеска рапортирале за состојбата во Арачиново, но се уште нема информации кога ќе исчисти местото од распаднатите тела на животните. ТВ21 и покрај тоа што неколку пати се обиде да добие одговор за ова прашање, досега ништо од тоа.
Автор на текстот-Арбана Ќерими