(ВИДЕО) Советник од Аеродром од ТМРО сакаше да тепа колега од СДСМ

Советот на Општина Аеродром на денешната седница донесе одлука да се распише референдум во врска со прашањето за населување и интеграција на мигранти на територијата на Општината. Референдумот би се одржал заедно со локалните избори закажани за 15 октомври годинава, со цел да не се создаваат дополнителни трошоци. Одлуката не ја поддржаа советниците на опозициската советничка група на СДСМ.

Дискусијата во Советот се водеше во вжештена атмосфера. Во еден момент додека на говорницата беше советникот од СДСМ, Марко Данилоски, неговиот постар колега од ТМРО, Александар Шехтански, се обиде физички да го нападне.

Данилоски објаснуваше дека во националната стратегија на Владата нема предвидено никакви кампови за бегалци, но Шехтански чија партија е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, му дофрлуваше дека лаже и дека 11.000 бегалци за два дена ќе влезат во Македонија. Во еден момент Шехтански се доближи до Данилоски, а атмосферата се обидоа да ја смират другите колеги, кои го тргнаа советникот од ТМРО и не дозволија да се случи инцидент.

Извор: Нова ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e