Да се навикнеме да живееме во новите услови создадени од корона вирусот, посочи дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ.
„Укинувањето на полицискиот час и отворањето на угостителските објекти за гости не значи укинување на заштитните мерки и протоколи. Напротив сите ние заедно треба да работиме на поткревање на јавната свест и зачувување на јавното здравје. Да се заштитиме себе си, а со тоа да ги заштитиме и другите од ширењето на заразата“, нагласи Шкријељ.