Претставници на Шарената револуција организирааат дебата насловена како “На Мегдан” во кој што предвидено е соочување на претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова. Кандидатите според предвиденото треба да одговараат на прашања кои би биле поставени од страна на граѓаните кои ги делат истите вредности како и Шарената револуција.
Денеска, претставниците на Шарената револуција ги посетија штабот на Стево Пендаровски и седиштето на партијата ВМРО – ДПМНЕ со цел да ги достават поканите за соочуваањето.
Во кој штаб како поминаа детално можете да погледнете во следниве видеа:
Штабот на Стево Пендаровски
Штабот на ВМРО – ДПМНЕ