(ВИДЕО) Прославата на ВМРО-ДПМНЕ без Попоски, зошто отсуствуваше?

Иако член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски не беше присутен на прославата на 27-от роденден на партијата.

Попоски на истиот ден минатата година стоеше блиски до лидерот, но пред два дена го немаше наоколу. Претседателот на партијата, Никола Груевски, рече дека во тек е дебата и дека наскоро ќе има реформи во партијата.

ТВ21 го праша екс-министерот за надворешни работи Никола Поповски, дали ќе биде дел од партијата и по реформите, но тој не одговори. Образложение нема ниту неговиот сопартиец, Драган Данев.

Премиерот Зоран Заев, во својот говор пред гласањето на Владата, во Собрание,му се обрати на Никола Поповски, велејќи дека тој би бил добар лидер на опозицијата.

На новинарското прашање, дали е точно дека тој може да биде следниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Поповски не даде конкретен одговор. Само рече дека таквите информации се со цел да ја поделат партијата. 

Во постизборниот период, во јавност се појавија информации дека Поповски може да стане  премиер, поради слабата популарност на Груевски кај меѓународниот фактор. Се спомнуваа и други имиња, но оттогаш до сега, лидерот Никола Груевски неколкупати потенцираше дека нема намера да се повлече од позицијата.

ТВ 21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e