(ВИДЕО) Предходната Влада во месец мај го оштетила буџетот за 2,7 милиони евра. Еве како…

Владата на ВМРО – ДПМНЕ во мај продала 21 илјада тони пченица од Стоковите резерви за половина од цената по која претходно било купено. Од Министерството за земјоделство велат дека токму ваквиот потег на министерот Михаил Цветков го напаравил дисбаланасот на пазарот кој сега го имаме.

„Со одлука на Влада, а во согласност и на Министерството за земјоделство е направена продажабата на пченицата. Купена по 14 денари, а продадена по шест денари. Јавноста нека суди што занчи една ваква непромислена одлука“, рече Љупчо Николовски – министер за земјоделство.

Во пари, ова значи дека Министерството направило со ова зделка загуба од 2,7 милиони евра во државниот буџет. За да се надмине дисбалансот Николовски ветува или дополнителна субвенција или интервентен откуп на лебното зрно од годинашниот род. Тој вели и дека министерството вчера итно платило 35 илјади евра за чланарина во ФАО, сума која Македонија ја должела три години и поради што добила допис дека ако не се плати долгот, земјава ќе биде исклучена од организацијата и нема да има и  право на глас. Најави дека ќе бара одговорност за ваквите постапки кои се воделе во секторот земјоделство. Веќе од утре тим од експерти ќе почнат со подготовка на анализа од ефектите од субвенциите.

„Јас се чудам како е можно да се потрошат толку многу пари како што се зборува, а од друга страна да има огромен увоз на храна. Како се зголемувал износот за субвенции така со побрзо темпо се зголемува увозот на храна. Тоа ни дава патоказ дека нешто не е во ред и дека од корен да ги промениме работите“, додава Николовски.

Најави и ревизија на тоа кој и како добивал државно земјоделско земјиште и земал субвенции, а немал основа за тоа.

Алсат-М

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e