(ВИДЕО) По долго време, незаконски стекнатиот имот ќе се конфискува

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски пред неколку дена најави дека се разговара за предлог нацрт верзија за потекло на имот.

Но, дали по долго време не законски стекнатиот имот би можел да се конфискува?

Во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 вицепремиерот истакна дека него му е чест што е дел од најкрупнато законско и ново решение.

Тој вели дека во текот на вчерашниот ден се разговарало со обвинители, судии, претседателот на Врховен суд, со Советот на Европа кои дале максимална поддршка да се донесе нова законска рамка за проверка на потеклото на имотот, со цел да се овозможи било кој да се богати на „грбот“ на граѓаните.

„Со ова законско решение се предвидува проверката на потеклото на имотот да важи за сите граѓани, вклучувајќи ги и сите поранешни функционери. Ќе има соодветен праг, над кој праг во нацрт верзијата стои дека доколку имате над 30 илјади евра во претходната година повеќе приходи кои не сте ги пријавиле, односно немате оправдување и доказ од каде ви потекнуваат да се изврши таа проверка на потеклото на имотот“, вели Николовски.

Вицепремиерот смета дека ова ќе ги демотивира сите граѓани да на нивно име се впишува имот, пример како што има случаи во кои директори препишуваат на вработени или на име на комшии.

„Додека се функционери не го ставаат имотот на нивно име, го префрлуваат на име на други и после завршување на функцијата го враќаат на свое“, додава Николовски.

Во продолжение целата изјава:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e