Министерот за надворешни работи Бујар Османи во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека според него кај Бугарија има простор, желба и свесност.
„Целта на дипломатијата е токму тоа, да создава простор, мостови на комуникација. Тоа е наша задача и тоа го правиме. Јас мислам дека постои простор, желба и свесност кај двете страни за важноста на моментот“, додава Османи.
Тој рече дека лекот со Бугарија е намалување на јазокот на комуникација.
„Нашата комуникација и соработката беше жртва како и секој друг општествен процес и на пандемијата, но и на изборите, и недостаток на комуникација обично го создава тој јаз којшто потоа се пополнува или со недоразбирања или пак со некој туѓи агенди. Јас мислам дека тоа е лекот во вакви случаи е секогаш да го намалиме јазот на комуникација, да воспоставиме комуникација и тогаш да го процениме просторот кој ни е на располагање да најдеме решение“, посочи Бујар Османи.