Наша клучна цел беше да растат платите. За три пати ја зголемивме минималната плата од 8.000 денари на над 22.000 денари. Но ја зголемувавме и просечната плата, ветивме просечна плата од 500 евра, а таа денес надминува 650 евра.
Денеска имаме стабилен пензински фонд и не се задолжуваме за да исплатиме пензии. За 50% порасна и минималната и просечната пензија.
На 8 мај да излеземе, да се избориме за подобра иднина на сите генерации, да се избориме за европски квалитет на живот дома, затоа да гласаме за Бројот 1, за Стево Пендаровски и за Коалицијата за европска иднина.
Изјава, Љупчо Николовски